
DROP Defence
Капки за очи со иновативна формула.
Ги навлажнуваат, негуваат и штитат очите од УВ зраци и сина светлина.
Иновација
- Како штит, го блокира продирањето на УВ зраците и сината светлина.
- Спречува оштетувања кои можат да доведат до фотокератитис, фотокератоконјунктивитис, катаракта и сенилна макуларна дегенерација.
- Штити од дигитален замор на очите.
- Ја храни, негува и ја навлажнува површината на окото.

Регистриран како медицински производ од класа IIB и како лична заштитна опрема.
Патентирана формула со антиоксиданси, аминокиселини и хијалуронат.
За тебе е ако…
поминуваш долго време на компјутер, мобилен телефон, таблет или гледаш телевизија.
долго и интензивно се изложуваш на сонце.
се занимаваш со спорт и активности на отворено.
се изложуваш на средина со висок УВ-индекс (планини, море, тропски предели).
Начин на употреба
- Отвори го шишенцето и отстрани го заштитното капаче.
- Нежно притисни го шишенцето и капни 1 до 2 капки во секое око.
- Затвори го шишенцето после употреба.
- Чувај го шишенцето на температура до 30 °C.
- Не го допирај врвот на дозаторот до окото или до која било друга површина.
- Употреби во рок од 3 месеци од отворањето.
- Може да се користи со контактни леќи.
Состав
Витамин E‑TPGS (пегилиран Е витамин)
- Пегилиран облик на витамин Е кој овозможува продирање на рибофлавинот во рожницата.
- Антиоксиданс – ги неутрализира слободните радикали и има ефект на заздравување.
Натриум хијалуронат
0,01%
- Интензивно ја навлажнува површината на окото
- Ја подобрува стабилноста на солзниот филм
- Ја намалува иритацијата и го поттикнува заздравувањето

Витамин B (рибофлавин)
0,05%
- Делува како заштитен слој на рожницата
- Го блокира продорот на УВ зраци и сина светлина
- Антиоксидативно дејство
MSM (метилсулфонилметан)
- Антиоксиданс – неутрализира слободни радикали
Аминокиселини (L‑пролин, L‑глицин, L‑леуцин, L‑лизин хлорхидрат)
- Ја хранат и штитат површината на окото
- Ја регулираат pH‑вредноста и осмоларноста
