
DROPsept
Иновативен офталмолошки антисептик кој ги отстранува симптомите на инфекција на окото и ја обновува површината на окото.
Иновација
- Ефикасни против бактерии кои најчесто предизвикуваат инфекции на окото, како и против габички, паразити и одредени вируси.
- Ја намалуваат воспалителната реакција и ги ублажуваат симптомите на инфекција, како: печење, чешање, чувство на туѓо тело во окото и/или црвенило на окото.
- Помагаат во превенција од инфекции при оперативни зафати на окото.
- Придонесуваат за обнова на епителот на рожницата и конјунктивата.

Регистрирани како медицинско средство – класа IIB.
Патентирана формулација со хлорхексидин и витамин E‑TPGS.
За тебе е ако…
Имаш инфекција на окото проследена со симптоми како црвенило, печење, чешање, преосетливост на светлина и чувство на туѓо тело во окото.
Одиш на операција на окото (предоперативна профилакса).
Начин на употреба
- Отвори го шишенцето и отстрани го заштитното капаче.
- Нежно притисни го шишенцето и капни 1 до 2 капки во секое око.
- Затвори го шишенцето после употреба.
- Чувај го шишенцето на температура до 25 °C.
- За возрасни и деца (пред употреба кај деца помали од 12 години потребна е консултација со офталмолог).
- Да се употреби во рок од 28 дена по отворањето.
- Може да се користи со контактни леќи.
Состав
Хлорхексидин
- Офталмолошки антисептик со широк спектар на антимикробно дејство.
- Ефикасен против: бактерии (S. aureus, S. epidermidis, S. pneumoniae, E. coli); габички; паразити (Acanthamoeba castellanii) и одредени вируси (HAdV‑2, HCoV‑OC43).

Витамин E‑TPGS
0,2%
- Водено-растворлив дериват на природниот витамин Е (пегилиран витамин Е), овозможува подобра пенетрација на хлорхексидин во рожницата.
- Антиоксиданс – ги неутрализира слободните радикали.
Помошни супстанци
- дибазен натриум фосфат
- монобазен натриум фосфат
- натриум хлорид
- прочистена вода
